НОРМИ НА ГРАДБА

Чија мајсторија е оваа битолска иновација?

Општина Битола минатиот месец информираше дека е завршена постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе улици и склучени се договори со избраните изведувачи.

Извор: google

Општина Битола минатиот месец информираше дека е завршена постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе улици и склучени се договори со избраните изведувачи. Паралелно продолжувала реконстркцијата на повеќе улици во однос на промена на инфрастуктурата.

До нашата редакција стигна фотографија од еден сливник на битолска улица, каде јасно се гледа дека водата кружи околу сливникот и асфалтот е направен со обратен пад.

Останува прашањето: дали реконструкција на овој дел била планирана во битолската агенда и ако била, дали е ова сепак дел од проектот?