ПОВТОРНО ОГРАНИЧУВАЊА

Холандија повторно препорачува секој да може да работи од дома

Холандија повторно ќе воведе препораки за работа од дома поради наглото зголемување на бројот на новозаболени со ковид-19, а тоа се случува само неколку недели откако ги укина, рече холандскиот премиер Марк Руте во парламентот.

Извор: google

Минатиот петок, Холандија повторно воведе ограничувања во баровите, рестораните и ноќните клубови за да се запре зголемувањето на инфекцијата кај младите, само две недели откако беа укинати повеќето мерки за заклучување бидејќи паѓаше бројот на заразени, објави Ројтерс.

Препорака за работа од дома не е задолжителна и важи само за оние кои можат.

Повеќето мерки за заклучување беа укинати на 26 јуни, бидејќи вакцинацијата против ковид-19 нагло го намали бројот на заразени.

„Се враќаме на стариот совет“, рече Руте, како што објави порталот NU.nl, пренесува Танјуг.

Холандската влада ги откажа сите повеќедневни фестивали и настани на кои требаше да присуствуваат голем број луѓе до 14 август.