Извор: google
Ова лето низ Скопје ќе се реконструираат и прошируваат 11 улици, од Град Скопје најавуваат дека од следната недела почнува нова градежна офанзива во која се предвидени градежни интервенции во повеќето скопски општини.
Од Град Скопје потврдија:
„Покрај изведба на нови коридори, ќе се врши и реконструкција на постојни улици и тоа на улиците Бутелска, Теодосиј Гологанов, Лука Геров, Индира Ганди, на булеварите Киро Глигоров, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков”..
Исто така во план е изградба или проширување на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот на Керамидница, на улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, како и почетокот на кружниот тек кај „Хубо маркет” и клучка кај Момин поток.