Извор: google
Европската агенција за лекови соопшти денеска дека одобрила употреба на вакцина против коронавирус Фајзер-Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.
Зеленото светло на регулаторот им го отвора патот на земјите-членки на ЕУ да започнат да вакцинираат адолесценти против вирусот, кој однесе повеќе од три и пол милиони животи ширум светот.
Германија се надева дека ќе започне со давање вакцини на деца на училишна возраст на 7 јуни, по состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и шефовите на 16 германски држави во четвртокот.