НЕЗАДОВОЛНИ КОРИСНИЦИ

„Телеком“ повторно со прекин во интернет сообраќајот кон своите корисници

Повторен прекин во временски интервал од околу 30 минути, лош квалитет и неисполнување на ветениот пакет за интернет услугите од страна на Телеком, пријавуваат корисниците.

Извор: google

Повторен прекин во временски интервал од околу 30 минути, лош квалитет и неисполнување на ветениот пакет за интернет услугите од страна на Телеком, пријавуваат корисниците.

На ден 18. мај 2021, околу 12 часот на пладне, сред работно време, од страна на мојот провајдер Македонски Телеком АД Скопје изгубив интернет на моето домашно WiFi и 4G на мојот телефон. Едноставно конекцијата не функционираше, немаше интернет.

Со оглед на тоа што работам од дома заради пандемиската ситуација, бев прекинат во многу важен состанок кој се одвиваше online во тој момент.
Во точно 12.22 се обидов да ги добијам на телефонската линија наречена Контакт Центар на 070122 која е за помош за корисници, но нивниот одговор звучеше вака:

Мојот втор обид беше во 12:25 на телефонската линија наречена Бизнис Контакт Центар на 070120 каде што автоматска секретарка ме извести дека „поради мерките за заштита од корона вирусот центарот работи со намален капацитет“ и накнадно ја изрекламираа својата апликација „ТелкомМК“ каде ме известија дека треба да се обратам во делот на „Помош и Поддршка“ на чет или да им се обратам на маил адресата: biznis.kontakt@telekom.mk и секако ми се заблагодарија за разбирањето.

И секако, сето ова не беше можно да се напише и да се испрати, пред сè заради нивното не исполнување на мое обезбедување на интернет конекција потпишан во дво-годишниот договор наречен Магента.
Мене не ми е јасно до кога Телеком ќе „тераат“ со овој монополски однос кон потрошувачите и до кога македонецот ќе молчи за вака лош сервис, а во нивните реклами ќе повторуваат колку се најдобри со веќе сега загарантирано стандарден лош квалитет на услугите и однос кон корисниците?