ВАКЦИНИ

Продавале лажни „Pfizer“ вакцини, кои биле за третман на брчки

80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцина која во никој случај не заштитува од коронавирус. За среќа, не влијае опасно ни по здравјето на тие што ја примиле.

Извор: google

80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцина која во никој случај не заштитува од коронавирус. За среќа, не влијае опасно ни по здравјето на тие што ја примиле.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека пронашла лажни верзии на својата вакцина против Covid 19 во Мексико и Полска. Лажните вакцини биле нудени преку продажба на социјалните мрежи за 2 500 американски долари по доза.

Во Мексико, тие биле во лажна амбалажа, додека во Полска се верува дека супстанцата во вакцината била за третман на брчки.

Светската здравствена организација предупреди дека лажните вакцини „претставуваат сериозен ризик за глобалното јавно здравје“. Таа повика на идентификување на овие вакцини и нивно отстранување од пазарот.

Бонус видео…