СВЕТСКА БАНКА

Во раст на економијата, полоша од Македонија е само Босна

Светска банка (СБ) во најновиот извештај предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност

Извор: google

Светска банка (СБ) во најновиот извештај предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

За земјите од регионот, Светска банка предвидува раст на БДП на Албанија од 5,1 отсто во 2021 година, на БиХ – 2,8 отсто, на Бугарија – 3,3 отсто, на Хрватска – 5,4 отсто, на Косово – 3,7 отсто, на Црна Гора – 6,1 отсто и Србија – 3,1 отсто.

Според оваа прогноза, во регионот полоша е само Босна и Херцеговина. Банката наведува дека Босна и Херцеговина, Црна гора и Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од коронавирусот по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи и далеку го надминуваат просекот на европско-централноазискиот регион со број на новозаболени лица на ден.