НАЈДОБАР СТАНБЕН КРЕДИТ

Халк Банка падна на втората позиција, Комерцијална Банка АД Скопје е на пиедесталот, број еден

Најактуелна промена во делот на каматните стапки на банките овој месец е новата понуда на Комерцијална Банка АД Скопје за станбен кредит со најниски каматни стапки на пазарот: 2.9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3.9% променлива за остатокот од периодот.

Извор: google

Најактуелна промена во делот на каматните стапки на банките овој месец е новата понуда на Комерцијална Банка АД Скопје за станбен кредит со најниски каматни стапки на пазарот: 2.9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3.9% променлива за остатокот од периодот.

Максимален рок за отплата на кредитот е до 30 години, а максималниот износ зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката. Кредитот е наменет за купување, зградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште, купување недвижен имот во странство или за рефинансирање на друг станбен кредит. Важно е да се напомене дека горенаведените каматни стапки важат за приматели на плата/пензија преку банката.

Други трошоци
Останати трошоци поврзани со кредитот се: 4.000 мкд надомест за одобрување и администрирање на кредитот (за рефинансирање на станбени кредити во други банки и во Банката не се наплаќа надомест), 400 мкд за аплицирање и обработка на кредитот, трошоци за интеркаларна камата, надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот, нотарски и адвокатски трошоци, трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга и трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици.

Наша споредба
Согласно нашите анализи во делот на станбените кредити, споредбено со Халк Банка која до сега беше на прво место со најниски каматни стапки на пазарот од 3.3% фиксна за првите 10 години и 4.0% променлива после 10-тата година за станбен кредит на 10 години за износ од 30.000 евра, односно од 50.000 евра во Комерцијална Банка би вратиле 480 евра, односно 840 евра помалку во споредба со Халк Банка. За истиот износ на кредит, со рок на враќање од 20 години, преку Комерцијална Банка би вратиле 960 евра, односно 1.680 евра помалку во споредба со Халк Банка.

Рок на враќање 10 години

Износ на кредит30.000 евра50.000 евра
Комерцијална Банка34.800 евра57.960 евра
Халк Банка35.280 евра58.800 евра
Заштедувате480 евра840 евра

Рок на враќање 20 години

Износ на кредит30.000 евра50.000 евра
Комерцијална Банка40.800 евра67.920 евра
Халк Банка41.760 евра69.600 евра
Заштедувате960 евра1680 евра

Со оваа понуда Комерцијална Банка заслужено се позиционира на првата позиција на нашата листа за март, 2021.

Останува да видиме во наредниот период дали оваа понуда ќе ги стимулира конкурентските банки да понудат нов и поатрактивен станбен кредит со пониски каматни стапки.