НОВА МУТАЦИЈА

Се појави нова варијанта на коронавирусот „невидлив“ за PCR тестовите

Започна истрага во Бретани, Франција, откако геномското секвенцирање откри осум носители на нова варијанта на коронавирус во група од 79 заразени пациенти во градот Ланион. Францускиот министер за здравство изјави дека оваа нова варијанта се чини дека не е позаразна aли предизвикува потешка форма на Covid-19 вирус, пишува Зимо.

Извор: google

Но, на прес-конференција, француските здравствени власти изразија загриженост за фактот дека оваа нова варијанта избегнува откривање со стандардни тестови за PCR.

Белгискиот вирусолог и меѓу-федерален портпарол на Covid-19 Стивен Ван Гухт објасни дека осум пациенти покажале вообичаени симптоми на Covid-19, но дека PCR тестовите упорно покажувале негативни резултати на нив.

Појавата на нова варијанта доаѓа во време кога Франција бележи нов пораст на бројот на заразени, а нивниот претседател Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во следните неколку дена.

Светската здравствена организација ја категоризираше новата варијанта како „варијанта под истрага“, а не како „загрижувачка варијанта“, како што беше случај со, на пример, британските, јужноафриканските и бразилските варијанти.