Извор: pexels
Covid-19 кризниот штаб на Србија смета дека казните за прекршителите на мерките за заштита од Covid-19 ќе мора да се засилат посериозно, а една од идеите е општествено корисна работа. Предлогот на епидемилозите во соседството е дека секој што ќе биде „фатен” на некаков тип на забава, мора да биде тестиран, а ако се испостави дека е позитивен на вирусот, тогаш соодветно да се казни, дали парично, дали со општествено добротворна работа.
За сите што се забавуваат во градовите и скијашките центри, кризниот штаб предлага казнено-хумана мерка со објаснување дека во болниците има многу работа за која не е потребно медицинско знаење. Шишињата со кислород бараат физичка способност.
Тоа е една од идеите, имајќи го фактот дека здравствениот персонал е толку преморен што му треба сериозна поддршка и помош од целиот социјален систем сметаат српските епидемиолози.
За разлика од Србија и другите земји, во Македонија исто така се оддава впечаток како да не се почитуваат мерките. Освен полицискиот час, за кој многумина го сметаат за задоцнета мерка. Дали овој предлог за општествено-казнена работа би имало ефект, останува да видиме.