Македонецот со векови е научен да трпи неправда и лош третман од сите окупатори кои биле на овие простори. Народот дури и многу повеќе страдал од локалните предавници кои биле слепи послушници и нанесувале поголемо зло отколку самите освојувачи.
Таков е случајот на уште еден огорчен корисник, кој решил да ја сподели неправдата на монополот наречен Телеком. Ви го пренесуваме неговиот крик во целост :
Јас и мојата фамилија сме долгогодишни корисници на услугите на Македонски телеком. Така решив да купам нов телефон iPhone 12 mini 64gb од еден од салоните и да ги искористам поените што ги имавме собрано во вредност од 17000 денари.
Од сам старт доколку ги користиш поените и платиш на рати цената на телефонот порасна за околу 10 000, не ми беше многу битно па сепак го купив новиот телефон.
Сагата започна кога по 3 дена открив дека телефонот има фабричка маана. Го доставив уредно до салонот од којшто го купив, со барање да ми се издаде нов. Го прифатија враќањето на телефонот со тоа што ми рекоа дека мора да оди на дијагностика каде што по чекање од 30 работни дена ќе ми кажат дали може да добијам нов телефон.
По мое инсистирање и барање преку вашите оператори се изборив да ми се дијагностицира телефонот по околу 7 дена.
По дијагнозата ми рекоа дека телефонот може само да се сервисира а не да се замени за нов( Значи купувам нов телефон со фабричка мана за да го сервисирам).
Секако дека не прифатив и видно изреволтиран поднесов Приговор. Во приговорот ги наведов сите членови од Законот за заштита на потрошувачи кои би требало да ме заштитат, но и по приговорот добив одговор дека телефонот не може да ми биде заменет за нов, бранејќи се со член 22 од Законот за заштита на потрошувачи, Гаранција и сервисирање каде пишува дека имате право да ми го сервисирате телефонот до 3 пати. Да, но телефонот не го расипав јас, ниту се расипал во тек на користење, НАПРОТИВ ми го продадовте расипан.
После ова, можете да си го задржите телефонскиот уред и да си го искористите за било каков анален нагон или олеснување. Случајот ќе биде пријавен во Државен пазарен инспекторат кој доколку на е корумпиран (останува да видиме) ќе ги превземе соодветните чекори за ваше казнување кое се надевам ќе ви биде поучно.
Во склоп на ова ќе ви достават во најкраток можен рок и тужба која ќе му даде занимација на вашиот правен тим.
Не заштедивте ништо и никогаш нема да научите да работите, зошто не изгубивте само еден корисник туку многу повеќе кога постов ќе стане вирален.
Сочувство до вашата тажна компанија и сите вработени напатени полтрони внатре,
Огорчен корисник,
Димитар Амски
Македонски Телеком Мислам дека овој пост заслужува да оди вирално. Јас и мојата фамилија сме долгогодишни корисници на...
Posted by Dimitar Amski on Thursday, 11 March 2021
Ние се надеваме дека крикот на Димитар ќе допринесе да се одважат сите незадоволни корисници и заедно да предизвикаме промени во сервисот и поволностите на Телеком спрема потрошувачите. И еднаш засекогаш да престанат да не сервисираат како да имаат поправен.