Феникс

Американската Пепелашка на чекор до вакцина за Covid 19 и грип со една доза

Една биотехнолошка компанија, која за 33 години постоење не успеа да лансира никаков лек или ефикасна вакцина и беше пред банкрот до пред една година, се најде пред вратата на успехот со неодамнешното одобрување на вакцината против коронавирус.

Извор: pexels

Една биотехнолошка компанија, која за 33 години постоење не успеа да лансира никаков лек или ефикасна вакцина и беше пред банкрот до пред една година, се најде пред вратата на успехот со неодамнешното одобрување на вакцината против коронавирус.

Поради долгови, американската “Novavax” беше една од омилените таргети на инвеститорите кои се обложуваа ма пад на цените на акциите. “Новавакс” на крајот на јануари 2020 година објави дека ќе почне со развој на вакцината против Ковид 19, скоро два месеци пред американската влада да донесе одлука за кофинансирање во развој на вакви вакцини кај фармацевтските компании. На неверување на многумина, наскоро британскиот регулатор ќе ја одобри оваа вакцина, по што ќе следи одобрување и од сертифицирани американски тела.

Клиничките испитувања покажаа дека вакцината на „Novavax“ е ефикасна 89 проценти, нешто помалку од вакцината на „Фајзер“ и „Бион Тек“, а заснована на револуционерната технологија за RNA (mRNA). Сепак, додека вакцината „Фајзер“ мора да се чува на 70 степени целзиусови, вакцината „Новавакс“ ќе може да се чува и на собна температура најмалку 24 часа.

“Ова е приказна за Пепелашка. Една мала компанија што беше пред затворање, сепак еве ја на чекор до успех со учество во трката за развој на вакцини покрај навистина големи играчи”, зачудено, но гордо се согласија многу светски инфектолози.
Сепак, оваа Пепелашка доби значителна поддршка: американската влада обезбеди 1,6 милијарди долари за “Новавакс”, а програмата за снабдување со вакцини “Ковакс” на Светската здравствена организација за земјите во развој однапред порача 1,1 милијарда дози.
Пресвртот во бизнисот го препознаа и инвеститорите. Од почетокот на 2021 година, вредноста на акциите скокна за 4.900 проценти, a капиталот значајно се зголеми.

Извор: pexels

Компанијата влезе во фармацевтскиот бизнис пред повеќе од три децении со развој на хормонски терапии за жени. Кога Сингви стана извршен директор во 2005 година, обидите на Новавакс беа задушени од конкурентите и истражувањето што сугерираше дека терапиите со естроген го зголемуваат ризикот од рак на дојка влијаеше на загуби од година во година кај оваа компанија.

Извршниот директор на оваа компанија потекнува од „Мерк“, еден од водечките светски производители на вакцини. Тој брзо ја сфатил вредноста на тимот од само 25 луѓе, предводени од научникот Гејл Смит, сегашен потпретседател на Новавакс за развој на вакцини. По неколку и не така профитабилни, но ефикасни вакцини за грип, САРС и МЕРС, на оваа фирма ете ѝ се посреќи со вакцина против Covid 19. Додека дел од финансиерите се обложуваа против Новавакс, научниците сметаа дека компанијата има единствен научен пристап и солидно техничко знаење.

Цената на вакцината е непозната за јавноста, иако шпекулациите говорат дека се работи за најевтина вакцина од сите останати во моментов. Африканската унија се согласила да плати три долари по доза. Веднаш штом вакцината е одобрена, директорот тврди дека може да започне да произведува 150 милиони дози месечно. Благодарение на вакцината, „Новавакс“ конечно здивнува и финансиски. Иако во 2019 година оствари приход од само 18,6 милиони долари, оваа година може да забележи над 5 милијарди долари.
На крајот на 2021 година, “Novavax” ќе започне развој на вакцина која работи против Covid 19 и грип со само една доза.