СЕВЕРНА ПОЛИТИКА

СДСМ ќе се прекрсти - „Социјалдемократи од Северна Македонија“ е можното ново име

Придавката која ни е наметната – „Северна“ во името на СДСМ ќе влезе на следниот конгрес на партијата, најави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Извор: google

СДСМ откако го смени името на државата, реши да го смени името и на партијата.

Придавката која ни е наметната – „Северна“ во името на СДСМ ќе влезе на следниот конгрес на партијата, најави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ би се променило во „Социјалдемократи на Северна Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.

Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.