Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.13 – Веб сајтот на Стопанска Банка АД Битола
Извор: komercijalna
Позитивни:
- Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
- Респонзивен – се приспособува на секаков екран
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
- Дизајнот е едноставен, со истакнување на актуелните понуди на банката на почетната страна, со фотографии на кои преовладуваат боите на логото на банката и истакнати call-to action копчиња
- Главното мени е јасно прикажано на почетната страна, што ја прави навигацијата на страната лесна за користење
- Сајтот е исклучително брз
- Нуди можност за:
- користење на мобилна апликација
- калкулатори за кредити и депозити за информативна пресметка.
Негативни:
- Недостасува опцијата за on-line аплицирање за кредити и отварање на трансакциски сметки
Анализата е направена на 03.02.2021