Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.12 – Веб сајтот на Комерцијална Банка АД Скопје
Извор: komercijalna
Позитивни:
- Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
- Изгледот на почетната страна е прегледен и добро организиран, истакнувајќи ги актуелните понуди прикажани преку фотографии на кои преовладуваат боите на логото на банката и хоризонтално поставено мени што ја прави лесна и едноставна за користење од страна на клиентите
- Детално и јасно објаснување за секој производ, лесна достапност на обрасците со контакти од Банката
- Нуди можност за:
- користење on-line аплицирање за отварање на трансакциска сметка
- користење на калкулатори за кредити и депозити за информативна пресметка
- on-line ажурирање на податоците преку електронското банкарство
- користење на мобилна апликација
- можност за аплицирање преку нејзината платформа за електронско банкарство (пристап имаат само регистрираните корисници на банката што е одраз на сериозна банкарска институција)
- Пофалба: Веб сајтот е изработен по сите светски стандарди наклонет кон потрошувачкото информирање и достапност.
Негативни:
- Сајтот не е респонзивен – не се прилагодува на помали мобилни екрани
- Недостасуваат копчиња што водат до социјалните мрежи на профилот на банката
- Недостасува можност за on-line аплицирање за кредити на веб сајтот (оваа можност ја има само во мобилната апликација)
- Фонтот на страната е премногу ситен
Анализата е направена на 03.02.2021