Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на ТТК Банка АД Скопје

Анализа бр.11 – ТТК Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.11 – Веб сајтот на ТТК Банка АД Скопје

Извор: цкб

Позитивни:

  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • аплицирање на кредит

Негативни:

  • Ниско ниво на безбедност – Веб сајтот не е означен со катанец!
  • Почетната страна изгледа пренатрупана со многу содржини и текстови
  • Дизајнот на сајтот е ужасен, со премногу лошо искомбинирани бои. Преовладува црвената боја, која претставува боја за потенцирање. Во овој случај црвената боја само го заморува корисникот.
  • Има икона за кредитен калкулатор, но истиот не е во функција
  • Сајтот не е респонзивен, т.е. овозможено е користење само од компјутер или лап топ, не е овозможено користење од телефон или таблет
  • Недостасува опција за глобално пребарување низ сајтот (search)
  • Недостасуваат копчиња за поврзување со нивните профили на социјалните мрежи

Анализата е направена на 03.02.2021