Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Силк Роуд Банка АД Скопје

Анализа бр.10 – Силк Роуд Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.10 – Веб сајтот на Силк Роуд Банка АД Скопје

Извор: цкб

Позитивни:

  • Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски и англиски јазик
  • На почетната страна преку еден голем слајдер и неколку мали фотографии се прикажани актуелните понуди на банката
  • Информациите за производите и услугите се прегледно групирани во мени, поставено вертикално на почетната страна, што ја прави навигацијата на страната едноставна за клиентите.
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • дополнително информирање преку on-line chat
    • калкулатор за информативна пресметка за кредити

Негативни:

  • Недостасува можност за on-line аплицирање за кредити
  • Недостасува калкулатор за депозити
  • Нема слики од раководството

Анализата е направена на 03.02.2021