Извор: pexels
Парацетамолот од 500mg и Витаминот Ц од 500mg, фирмата Алкалоид ги пакува во иста алуминиумска фолија, на која што, освен ситните букви кои се испишани на алуминиумската фолија, сета друга препознатливост е сведена на минимум.
Дали маркетинг одделението на компанијата Алкалоид смета дека треба да ги послуша потрошувачите и соодветно да реагира? Кај овие два производа на фармацевтската компанија Алкалоид:
- дозирањето е исто – 500mg
- формата и димензијата се идентични
- бојата на амбалажата е иста (сребрено сива)
- материјалот на амбалажата е алуминиум
но нивниот состав, намена и дејство се сосема различни.
Имено Парацетамолот е антипиретик и аналгетик, додека Витаминот Ц е класичен суплементски препарат.
И покрај толку изминати години во производството на овие два препарати, се надеваме дека Алкалоид ќе направи поголеми промени во дизајнот на амбалажата, со цел за полесно препознавање од страна на потрошувачите.
Посебен акцент ставаме на повозрасните конзументи на овие таблети со ослабено сетило за вид и на слепите лица, кои често пати може да сторат грешка и да се напијат погрешна таблета.
Би било добро да поработат на бојата и формата на амбалажата, бидејќи потрошувачите многу лесно можат да ја згрешат таблетата.
Се надеваме дека маркетинг одделот во Алкалоид ќе се согласи со реакциите на потрошувачите и ќе се потруди наскоро да направи видлива промена на амбалажата.