ПРОМЕНИ ВО „РИЗИЦИ“

Тектонски промени во Секторот за управување со ризици во Стопанска Банка АД Скопје

Долгогодишниот прв човек на Секторот за управување со ризици во Стопанска Банка АД Скопје, Весна Ненчева, ја напушти грчката банка. Согласно информациите кои пристигнаа до редакцијата на Конкуренција.мк, Ненчева повеќе не е Директор на Секторот за управување со ризици, ниту пак дел од колективот на Банката. Кои се причините за оваа промена, ја знае Ненчева и менаџментот на Банката.

Извор: google

Дали станува збор за проблеми во Банката, кои резултирале со потези кои евентуално би ја загрозиле стабилноста на истата, а кои се предмет на детекција, анализа и алармирање на Секторот за управување со ризици или „борба“ на авторитети?

Извор: google

Инаку, Ненчева е кадар на Тони Стојановски, кој по доаѓањето во Банката од НБРСМ, ја промовира Ненчева на позицијата Секторски Директор. Сепак, по рокадите во Управниот одбор, каде што на Стојановски му е одземен ресорот Ризици, а доделен Корпоративно банкарство, позицијата на Ненчева почнала да се клати, бидејќи за нејзин ресорен извршен директор е поставен Бојан Стојановски, поранешен кадар од Халк Банка.

Извор: google

Очигледно во Банката нема недопирливи, освен вечната директорка Милица Чапаровска, која ги надживеа сите промени во управата на Банката и неприкосновено управува со истата. Меѓу вработените во Банката се вели дека станува збор за искусен “лисец“ кои во манирите на деспот, владее со банката, а позната е по мобинг методите кои ги применува врз вработените за цело време на нејзиното работење. Сепак, темата Чапаровска, детално ќе ја обелодениме на пошироката јавност, во наредните објави.

Конкуренција.мк, како до сега, така и во наредните објави ќе биде на браникот на слободниот говор и правилното работење во банкарскиот сервис кој воедно ќе биде своевиден аларм за неправилностите и потсетување на главниот државен регулатор наречен Народна Банка на РСМ и гувернерката.