БАНКАРСТВО НА ГРЧКИ НАЧИН

Грчка (не)етика во управувањето со Стопанска банка АД Скопје, поддржана поради непотизмот од Народна Банка на РСМ

Со овој текст редакцијата на конкуренција.мк во соработка со „Координативно тело за превземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“ го започнува серијалот за Стопанска Банка АД Скопје во директен судир со нивниот старогрчки збор ЕТИКА објаснет од грчкиот филозоф Аристотел.

Извор: архива

Со овој текст редакцијата на конкуренција.мк во соработка со „Координативно тело за превземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“ го започнува серијалот за Стопанска Банка АД Скопје во директен судир со нивниот старогрчки збор ЕТИКА објаснет од грчкиот филозоф Аристотел.

Со превземањето на Стопанска Банка од страна на грчкиот газда, од самиот старт нивната тактика беше на челните менаџерски позиции во банката да бидат поставувани бивши вицегувернери (читај Глигор Бишев) и во поново време (читај Тони Стојановски) бивши вработен и сопруг на актуелни советници во НБРСМ до денешен ден. Токму заради таквиот приод резултира со многу нерегуларности во работењето на оваа приватна банка, каде со вработување на блиски фамилијарни членови предизвикуваат судир на интереси помеѓу државниот регулатор НБРСМ и Грчката банка. Дали најпосле оваа грчка тактика, кога станува збор за оштетување на македонските малцински акционери вродува со плод? Исто така и лобирањето кај одредени судии се одвива на сличен начин, а резултира со донесувањето на судски пресуди во нивна полза спротив законите и регулативите.

Народна Банка дозволи македонските малцински акционери да бидат контиунирано децениски рендани од грчките банкари по рецептата на „грчкото ѕаѕики“.
Да потенцираме дека Стопанска Банка АД Скопје години наназад е со годишен профит од 40 милиони евра кои ги изнесуваат од нашата држава, но имаат проблем да исплатат 22 000 евра годишна девидента на своите македонски акционери кои парите би ги трошеле во својата држава.

ЧИТАЈТЕ ФАКТИ

Управувањето на Стопанска банка АД Скопје во спротивност со кодексите за корпоративно управување и етика во работењето

Јакнењето на корпоративното управување има централно значење за постигнување транспарентен финансиски систем. Ликот на современите корпорации се заснова на нивните напори за ефикасно корпоративно управување, а тековните регулативи го овозможуваат тоа.

Водичот за корпоративно управување за банките на Банката за меѓународни порамнувања објаснува дека членовите на одборот би требало да ги извршуваат нивната „грижа за доброто на другиот“ и „должностите за лојалност“ на банката според националните закони и супервизорски стандарди и според тоа одборот треба да игра клучна улога во поставување на корпоративната култура и вредности на банката.

Така би требало да биде и во нашата земја. Законот за банки го дефинира корпоративното управување како сет од односи помеѓу различните носители на управување и раководење со банката, и тоа во основа меѓу: извршниот менаџмент, членовите на Управниот одбор и останатите акционери на банката преку Собранието на акционери.

Корпоративно управување на Стопанска банка АД Скопје
Собранието на Стопанска банка АД Скопје врз основа на обврската од Одлуката на Народната банка за основните принципи на корпоративното управување во банка и Статутот, усвоил Кодекс за корпоративно управување во 2013 година и Кодекс на етика во 2016 година.

Кодексот за корпоративно управување на Банката се темели на 8 принципи од кои три се однесуват на односите со акционерите и на законско и етичко работење:
(1) гарантирање на правата и интересите на акционерите,
(2) следење на законите и етичките стандарди и
(3) општествена одговорност и развивање партнерство со акционерите и заинтересираните субјекти. И во него е наведено дека Банката го спроведува секој принцип од Кодексот.

Според Кодексот за етика клучен принцип на филозофијата на Банката е ориентација кон клиентот, задоволството на акционерите и остварувањето на пријатна работна средина. И дека Банката се стреми кон исполнување висок степен на општествена одговорност, придржувајќи се кон и промовирајќи ги човековите вредности, како и општествените.

Стопанска банка АД Скопје не ги исполнува правата од издадените приоритетни акции, онака као што ги одредила во одлуките за емисија на акции, а кои се дел од нејзината основна главнина, согласно дефиницијата за акција во Законот на трговски друштва (став 1, точка 2 од член 3) дека „е хартија од вредност што ја издава акционерско друштво и во којашто е претставен дел од основната главнина на друштвото и во која се отелотворуваат правата на акционерот”.

Дополнително, Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје давал предлози за распределба на добивката исклучиво во интерес на мнозинскиот акционер, а на штета на малцинските акционери, иматели на приоритетни акции без право на глас со што постапувал спротивно на основните принципи на корпоративно управување од кодексите за етика и корпоративно управување:
(1) гарантирање на правата и интересите на акционерите – не му предлага на Собранието да усвои одлука за распределба на добивката согласно правото на имателите на приоритетни акции да учествуваат во добивката одредено со одлуките за емисија на акции.
(2) следење на законите и етичките стандарди:

  • не ги внел во Статутот правата од приоритетните акции онака како што се одредени во одлуките за емисија на акции со што ни после 17 години не се усогласил со Законот за трговски друштва од 2004 година,
  •  не постапил ни според укажувањето од Комисијата за хартии од вредност, институција надлежна за супервизија на македонскиот пазар на капитал, дека “отсуствува поблиску прецизирање на приоритетните акции и правата кои тие ги даваат и притоа настанува правна дискрепанца во поглед на правата кои според важечките законски прописи ги даваат приоритетните акции со правата кои во пракса се остваруваат од сопствениците на издадените приоритетни акции” и дека постои “подрегулираност во тој дел на Статутот, а оттаму и недоволна транспарентност во јавно објавениот Проспект на Македонската Бeрза АД Скопје за правата кои ги даваат приоритетните акции”,
  • не ја прифатил иницијативата на 10% од акционерите иматели на приоритетни акции за измена на Статутот на Банката со образложение декa не е во согласност со ЗТД, иако овој Закон регулира дека секој акционер има право во кое било време да поднесува иницијатива за вклучување точки во дневниот ред на собрание кое што ќе биде свикано,
  • Банката свикала седница на Собранието на акционери во ноември 2019 година со предложена измена на Статутот со нецелосни права на приоритетните акции односно како што се одредени во одлуките за емисија на акции.

Акционери, иматели на приоритетни акции, го информираа Координативното тело дека раководни лица во Банката, кон филијалите и експозитурите:

  • Координирано и организирано ги контактирале вработените во Банката и членовите на нивните семејства кои се иматели на приоритетни акции. Целта била да го откажат веќе даденото полномошно за застапување на собрание на акционери и да ополномоштат друго лице вработено во Банката за да ги застапува и гласа за измената на Статутот како што е предложена од грците.
  • При тоа бил користен и метод на заплашување со прекин на работен однос за вработените кои нема да прифатат да дадат полномошно на наведеното лице,
  • Банката во знак на одмазда спрема своите вработени, кои одлучија да ги бранат своите права од приоритетни акции, во пролетта 2021 одлучи да не им исплати отпремнина за предвремено пензионирање.

(3) општествена одговорност и развивање партнерство со акционерите и заинтересираните субјекти:

  • не воспоставил комуникација со акционерите иматели на приоритетни акции за решавање на наведениот проблем и покрај нивното укажување на неисполнување на обврските по основ на приоритетните акции од страна на Банката како издавач,
  • не се обидел да го реши овој спор заради што акционерите морале да поднесат тужби против Банката
    Надзорниот одбор чии мнозински членови ја претставуваат Националната банка на Грција со предлагање одлуки за распределба на добивката на Банката ги застапува интересите на доминантниот акционер, а на штета на малите акционери и постапува во спротивност со Законот за банки, Законот за трговски друштва, Законот зa хартии од вредност, Кодексот за корпоративно управување и одлуките на Собранието на акционерите за втора и четврта емисија на акции на Банката.

Директорите се одговорни за управување на компаниите врз основа на принципите на корпоративното управување и на етиката и вредностите на корпоративната култура затоа што највисокото раководство ги поставува вредностите и стандардите на однесување како пример за сите вработени. Но, очигледно не и во случајот на Стопанска банка АД Скопје, во која директорите не се придржуваат на кодексите за корпоративно управување усвоени од највисок орган на управување на Банката и потпишани од главниот извршен директор односно од членовите на управниот одбор.

Подготвеност на надлежните институци да постапат согласно одговорности
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) не превземала конкретни мерки за да ги заштити интересите на акционерите и покрај тоа Банката како издавач на хартии од вредност (член 5 од Законот за хартии од вредност) е должен, а не ги извршувал обврските кои произлегуваат од хартиите од вредност.

Комисијата има законска надлежност (член 184 од Законот за хартии од вредност) да превзема мерки и донесува одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и да се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност.

Македонска берза АД Скопје и покрај тоа што согласно Правилникот за котација (член 26) во Проспектот треба да бидат наведен опис на правата кои им припаѓаат на акциите, а особено: правото на глас, правото на учество во добивката, како и правата во случај на стечај односно ликвидација на издавачот и што издавачот на акциите за кои бара котација доставува акт за емисија на акциите го пропуштила отсуството на правата на приоритетните акции во Проспектот и дала предлог да се прифати барањето за котација на акциите на Банката.

Народна банка која врз основа на Законот за банки (став 3 од член 82) кој одредува дека управувањето на банка мора да биде во согласност со законските одредби и со правилата за добро корпоративно управување и ги пропишува правилата за добро корпоративно управување на банките не превземала мерки за да го спречи и прекине грубото кршење на овие правила од страна на Стопанска банка АД Скопје и покрај укажувањето за тоа од страна на акционерите иматели на приоритетни акции.

Ја прашуваме гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска:
Зошто постојат регулаторни институции како Народна Банка, ако не ги извршуваат функциите доделени со законите со кои се основани да работат?

Во соработка со „Координативно тело за превземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“

Следете нè на: Здружение на акционери на Стопанска Банка Скопје