Цена

Пакување јајца во Русија и Србија се продава поевтино од кај нас

Не е за изненадување тоа што јајцата се вбројуваат помеѓу најнутритивните продукти кои постојат. Хранливите состојки кои се наоѓаат во нив се доволни за да ,,претворат” една оплодена клетка во целосно оформено пиле.

Извор: pexels

Во Македонија во супермаркет треба да платиме најмалку 70 денари за пакување од 10 јајца. Со оглед дека споредбата во другите земји е правена на примерок од регуларно пакување од 12 јајца, хипотетички ќе претпоставиме дека такво пакување од 12 јајца кај нас би чинело 85 денари.

Поевтино од кај нас, пакување од 12 јајца се продава во Србија по цена од наши 82 денари, во Косово по 68 денари, а најевтино е во Русија и Украина каде чини скоро 60 денари, изразено во наша валута со цел да се долови споредбата.

Извор: google

Во другите балкански земји, пакување од 12 јајца е поскапо од Македонија, па така во Бугарија е скоро 98 денари, во Албанија е 100 денари, во Словенија 132 денари и во Хрватска, од бившите ју републики е најскапо, чинејќи 138 денари.
Сепак, во земјите од Европската Унија кои се со висок развој и секако повисок животен стандард, овој продукт чини повеќе. Германците плаќаат 139 денари за пакување од 12 јајца, Французите 184 денари, а Грците 196 денари.

Извор: pexels

На врвот на листата каде јајцата се најскапи е Швајцарија каде пакувањето чини 309 наши денари, односно 5 евра. По Швајцарија, на врвот се и скандинавските земји како Норвешка и Данска со цена од околу 4.5 евра по пакување јајца, односно 275 денари.

Не е за изненадување тоа што јајцата се вбројуваат помеѓу најнутритивните продукти кои постојат. Хранливите состојки кои се наоѓаат во нив се доволни за да ,,претворат” една оплодена клетка во целосно оформено пиле.

Јајцата ги содржат сите неопходни витамини и минерали за човековиот организам, од витамин А, Б2, Б5, Б12, селен, вклучително и калциум, железо, калиум, цинк, манган, витамин Е, фолна киселина и многу други. Научните истражувања покажуваат дека умерена консумација на јајца не го зголемува холестерот и не му штети на срцето, напротив, може да биде и добра за холестеролниот профил. Јајцата содржат моќни антиоксиданти кои го штитат здравјето на очите, како и протеини со совршен аминокиселински состав.

Видео…