Fairy

Споредуваме Fairy - каде македонскиот маж може да мие садови за поевтино?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Како прв производ на нашата листа за споредба се најде производот: течен детерџент за садови FAIRY со мирис на лимон.
Беа опфатени седум продажни ланци во Скопје меѓу кои: Веро, Рамстор, Жито, Кам, Тинекс, Стокомак и ДМ дрогериите.

Извор: архива

Нашите анализи покажаа дека овој производ во моментот е најскап во продажниот ланец на Веро, додека убедливо најевтин можете да го набавите во продавниците на Стокомак.

Споредувањата се организирани од нашите тимови кои ги прават на одреден датум и однапред испланирани производи, а опфатени се само  поголемите продажни ланци. Анализата не е предмет на промоции на цените на одредени производи кои се во промотивен период. Исто така и дисконт картичките не се предмет на анализа бидејќи се само за имателите на истите.

Секако на потрошувачот му помагаме во реалното информирање од теренот. И воедно им помагаме на сопругите (поубавата половина) да заштедат пари и време за себе.