Станбен кредит - септември 2020

Која банка има најлоши каматни стапки кај станбеното кредитирање?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промена на каматните стапки во септември во однос на август:

  • Комерцијална Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка по 10-тата година од 5.2% на 4.5%.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните провизиони стапки до 30.09.2020 година.
  • Силк Роад АД Скопје – промена во каматните стапки од 2.5% фиксна први 3 години, 3.5% фиксна 4-та и 5-та година и 5.5% променлива по 5-тата година на 5% фиксна 10 години и 5.5% променлива по 10-тата година.

Промена на останати трошоци за станбен кредит во септември во однос на август:

  • Халк Банка АД Скопје – без надомест за одобрување до 31.12.2020 година.
  • Стопанска Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот, без трошоци за одобрување и без нотарски трошоци – не е наведено до кога.
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот и без трошоци за одобрување до 31.10.2020 година.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот до 30.09.2020 година.
  • Охридска Банка АД Скопје – без трошок за процена и без административен трошок до 30.09.2020 година.