Станбен кредит - март 2021

Која банка го кредитира најскапиот станбен кредит?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е инфо…

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промена на каматните стапки во март 2021  во однос на февруари 2021:

  • Шпаркасе Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка по 10-тата година од 5.2% на 4.0%
  • Комерцијална Банка АД Скопје – намалени каматни стапки од 3.5% фиксна првите 10 години и 4.5% променлива по 10-тата година на 3.0% фиксна првите 10 години и 3.9% променлива по 10-тата година
  • ТТК Банка АД Скопје – тргнат од понудата станбен кредит без ризико животно осигурување, достапен само СУПЕР Станбен кредит 10 со РИЗИКО животно осигурување со 3.45% фиксна каматна стапка првите 10 години и 5.5% променлива по 10-тата година. Овој кредит е со пониски каматни стапки, но со дополнителен трошок за ризико животно осигурување
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен е периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.03.2021 година

Промена на останати трошоци за станбен кредит во март 2021  во однос на февруари 2021:

  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – без трошок за процена на имот и без трошок за одобрување промотивно до 31.03.2021 година
  • Охридска Банка АД Скопје – без административен трошок од 15.02.2021 до 31.03.2021
  • ТТК Банка АД Скопје – намален надоместок за одобрување на кредит од 1% на 0,25% мин. 6.000 денари во промотивен период до 30.04.2021 година
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – без трошок за процена, без провизија за одобрување и без нотарски трошоци (до 30.000 мкд) промотивно до 31.03.2021 година

Табелата со детални пресметки може да ја видите тука.