Автомобилски кредит - мај 2020

Кој авто кредит е најскап?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Автомобилските кредити спаѓаат во категоријата на наменски кредити кои се одобруваат од банките со намена за купување автомобили, мотори и други возила.

Главна карактеристика на автомобилските кредити е тоа што тие најчесто се одобруваат со залог на возилото кое се купува и најчесто се со валута клаузула. Ваквата деловна политика произлегува од потребата на банките да се заштитат од валутниот ризик, имајќи во предвид дека периодот на отплата за овие кредити е подолг и наменети се за купување на увозни возила. Согласно ова, некои банки нудат автомобилски кредити само со валутна клаузула, некои и во мкд и со валута клаузула, а мал дел само во мкд.

Друга карактеристика на автомобилските кредити е тоа што задолжително е потребно одредено минимум учество. Минималното учество варира од 15% до 35% од вредноста на возилото, но најчесто е минимум 20%.

Извор: архива

Што се однесува до каматната стапка, банките имаат различни критериуми за одредување на истата: дали клиентот е со плата или без плата во конкретната банка, колкаво е учеството, дали кредитот е во мкд или е со валута клаузула. Она што е важно да се напомене е дека каматната стапка секогаш е пониска за кредити со валутна клаузула што е разбирливо ако се има во предвид претходно наведеното за заштита на банките од валутен ризик, како и за приматели на плата.

Покрај овие главни трошоци, други трошоци поврзани со автомобилските кредити, а кои треба да се земат во предвид при избор на кредит со најповолни услови се: трошок за апликација, провизија при исплата (се движи од 1% до 2%), трошок за осигурување, трошоци за упис на залогот, нотарски трошоци, трошок за меница и други.

За автомобилските кредити направени се две анализи:

  • колку би била месечна рата и колку вкупно би вратиле за кредит од 15.000 еур со период на отплата од 84 месеци (за банки кои нудат кредити со валутна клаузула) и,
  • колку би била месечна рата и колку вкупно би вратиле за кредит од 900.000 мкд со период на отплата од 84 месеци (за банки кои нудат кредити во мкд).

Од пресметката се исклучени ПроКредит Банка и Стопанска Банка АД Битола бидејќи имаат пократок период на отплата, до 60 месеци, односно до 72 месеци, соодветно.