Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Промена на каматните стапки во Февруари 2021 во однос на Јануари 2021 за автомобилски кредити:
- Стопанска Банка АД Скопје – намалена каматна стапка од 6.74% на 6.63% за приматели на плата/пензија и од 7.49% на 7.37% за останати клиенти.
- Стопанска Банка АД Битола – намалена каматна стапка од 6.5% на 6.43%.
Промени кај лизинг компаниите во Февруари 2021 во однос на Јануари 2021:
- Шпаркасе лизинг – воведена нова понуда за Ford возила со каматна стапка од 4.9%, рок на отплата до 84 месеци и гратис каско осигурување за првата година.
Деталната табела може да ја погледнете тука.