Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Уни Банка АД Скопје

Анализа бр.4 – Уни Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.4 – Веб сајтот на Уни Банка АД Скопје

Извор: uni banka

Позитивни:

  • Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • Модерен дизајн,  минималистички на кој преовладуваат елементи на артистични цртежи со една линија
  • Информациите за производите и услугите се прегледно групирани, прикажани во хоризонтално поставено мени, со јасно истакнати call-to-action копчиња на начин лесен за користење од страна на клиентите
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Сите копчиња се функционални – ниту едно копче не води до празна страница
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
  • Лесен пристап до превземање на мобилната апликација
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • можност за on-line аплицирање за кредити

Негативни:

  • И покрај тоа што едноставноста и минимализмот е во мода, страната е оскудна, празна и би можела да биде збогатена со фотографии за актуелните понуди на банката заради подобра промоција и продажба на истите
  • Недостасува калкулатор за информативна пресметка за кредити и депозити
  • На страната недостасуваат детални објаснувања за продуктите и обрасци за истите
  • Доколку од главното мени одбереме правни лица и потоа се вратиме на физички лица, може да забележиме дека слајдерот се движи пребрзо, дури и со прерипнување на одредени слајдови
  • Новостите во делот Актуелно, на англиската верзија, не се преведени на англиски јазик

Анализата е направена на 03.02.2021