Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Стопанска Банка АД Скопје

Анализа бр.6 – Стопанска Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.6 – Веб сајтот на Стопанска Банка АД Скопје

Извор: стопанска

Позитивни:

  • Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски и англиски јазик
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Сите копчиња се функционални
  • Едноставен дизајн, со фокус на актуелните понуди на банката прикажани со едноставни фотографии
  • Информациите за производите и услугите се прегледно групирани во јасно обележано мени на начин што ја прави лесна навигацијата на страната.
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • on-line аплицирање за сите кредитни производи
    • on-line chat за директно информирање на клиентите
    • кредитен и депозитен калкулатор за информативна пресметка

Негативни:

  • На веб сајтот недостасува организационата шема на банката

Анализата е направена на 03.02.2021