Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.6 – Веб сајтот на Стопанска Банка АД Скопје
Позитивни:
- Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
- Респонзивен – се приспособува на секаков екран
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски и англиски јазик
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
- Сите копчиња се функционални
- Едноставен дизајн, со фокус на актуелните понуди на банката прикажани со едноставни фотографии
- Информациите за производите и услугите се прегледно групирани во јасно обележано мени на начин што ја прави лесна навигацијата на страната.
- Нуди можност за:
- користење на мобилна апликација
- on-line аплицирање за сите кредитни производи
- on-line chat за директно информирање на клиентите
- кредитен и депозитен калкулатор за информативна пресметка
Негативни:
- На веб сајтот недостасува организационата шема на банката
Анализата е направена на 03.02.2021