Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.3 – Веб сајтот на Шпаркасе Банка АД Скопје
Позитивни:
- Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
- Респонзивен – се приспособува на секаков екран
- Модерен дизајн, со вертикално поставено мени кое се вклучува на клик
- Во фокусот на почетната страница се актуелните понуди кои се прикажани преку фотографии на кои преовладуваат прикладни нежни бои идентични на логото на банката
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
- Сите копчиња се функционални – ниту едно копче не води до празна страница
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски и англиски јазик
- Уникатна е по тоа што од неодамна нуди можност и за закажување на on-line состанок преку Viber chat што дополнително го олеснува пристапот до информации и ја намалува потребата за посета на експозитура
- Нуди можност за:
- користење на мобилна апликација
- користење на on-line chat,
- користење на можност за on-line аплицирање за кредити и отворање на депозити и трансакциски сметки
- користење на кредитен и депозитен калкулатор за информативна пресметка
- прилагодување на веб сајтот во однос на контрастот и можност за зголемување на текстот
Негативни:
- Недостасуваат детални објаснувања за продуктите и обрасци за истите
- Не сите „Дознај повеќе” копчиња што се наоѓаат на главниот слајдер на почетната страница водат до посакуваниот линк, голем дел од нив се нефункционални
- Сликите кои се наоѓаат на почетната страница веднаш под главниот слајдер не водат до посакуваниот линк, туку не носат до врвот на страницата
- Копчињата facebook, linkedin, instagram, youtube кои се наоѓаат над футерот се именувани „Сподели на…”, а всушност служат за посета на профилот на банката на одредената социјална мрежа
Анализата е направена на 03.02.2021