Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Капитал Банка АД Скопје

Анализа бр.8 – Капитал Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.8 – Веб сајтот на Капитал Банка АД Скопје

Извор: капитал

Позитивни:

  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Прегледно организиран, со фокус на актуелните понуди прикажани преку фотографии со бои во согласност со логото на банката и хоризонтално поставено, јасно видливо мени што ја прави едноставна за користење од страна на клиентите
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • on-line аплицирање за кредити
    • калкулатори за информативна пресметка за кредити и депозити

Негативни:

  • Ниско ниво на безбедност – Веб сајтот не е означен со катанец!
  • Иако сајтот е овозможен и на англиски јазик, преводот не е целосно точен и е непрофесионален
  • Многу копчиња се нефункционални, т.е. не водат никаде
    • Линковите во најдолниот дел од сајтот (футерот)
    • Наведените логоа кои се наоѓаат над футерот – не е ниту објаснато која функција ја вршат истите
  • Недостасуваат детални објаснувања за продуктите и обрасци за истите
  • Нема слики од раководството

Анализата е направена на 03.02.2021