Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.8 – Веб сајтот на Капитал Банка АД Скопје
Позитивни:
- Респонзивен – се приспособува на секаков екран
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
- Прегледно организиран, со фокус на актуелните понуди прикажани преку фотографии со бои во согласност со логото на банката и хоризонтално поставено, јасно видливо мени што ја прави едноставна за користење од страна на клиентите
- Нуди можност за:
- користење на мобилна апликација
- on-line аплицирање за кредити
- калкулатори за информативна пресметка за кредити и депозити
Негативни:
- Ниско ниво на безбедност – Веб сајтот не е означен со катанец!
- Иако сајтот е овозможен и на англиски јазик, преводот не е целосно точен и е непрофесионален
- Многу копчиња се нефункционални, т.е. не водат никаде
- Линковите во најдолниот дел од сајтот (футерот)
- Наведените логоа кои се наоѓаат над футерот – не е ниту објаснато која функција ја вршат истите
- Недостасуваат детални објаснувања за продуктите и обрасци за истите
- Нема слики од раководството
Анализата е направена на 03.02.2021