Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.
Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:
- Ниво на безбедност – Дали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
- Дизајн на веб страната – модерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
- Прегледност и едноставност за користење – Дали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
- Респонзивност – Дали веб сајтот може да се користи на сите уреди
- Функционалност на копчиња – Дали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
- On-line аплицирање – Дали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
- Уникатност – Дали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки
Анализа бр.2 – Веб сајтот на Халк Банка АД Скопје
Извор: halk
Позитивни:
- Безбедна – Веб сајтот е означен со катанец
- Респонзивен – се приспособува на секаков екран
- Модерен и едноставен дизајн, чисти бои кои се во согласност со логото на банката
- Во фокусот на почетната страница се актуелните понуди кои се прикажани преку фотографии кои се со висок квалитет
- User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
- Речиси сите копчиња се функционални
- Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски, турски и албански јазик
- Нуди можност за:
- користење на мобилна апликација
- користење on-line аплицирање за кредити и отворање на депозити
- користење на кредитен и депозитен калкулатор за информативна пресметка
- Информирање за тековните промени во услугите поради Covid-19
Негативни:
- На веб сајтот недостасуваат детални објаснувања за продуктите и обрасците за истите
- Недостасуваат слики од раководството
- LinkedIn копчето кое се наоѓа во долниот дел на веб страниците (футерот) не води никаде, а би требало да води до профилот на банката
Анализата е направена на 03.02.2021