Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Анализа бр.9 – Централна Кооперативна Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.9 – Веб сајтот на Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Извор: цкб

Позитивни:

  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Едноставно организиран со фокус на актуелните понуди и хоризонтално поставено мени што овозможува брзо и лесно навигирање низ сајтот
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • калкулатори за кредити и депозити за информативна пресметка

Негативни:

  • Ниско ниво на безбедност – Веб сајтот не е означен со катанец!
  • Недостасува можност за on-line аплицирање за кредити и за отварање на трансакциски сметки
  • Недостасуваат детални објаснувања на продуктите и обрасците за истите
  • Нема слики од раководството
  • Сајтот не е респонзивен, т.е. овозможено е користење само од компјутер или лап топ, не е овозможено користење од телефон или таблет
  • Сајтот не е мултијазичен, т.е. достапен е само на македонски јазик
  • Недостасува опција за глобално пребарување низ сајтот (search)
  • Голем дел од страниците не се симетрични и не се центрирани што го отежнува користењето на сајтот и го уништува видното поле на корисникот
  • Многу копчиња се нефункционални, т.е. не водат никаде или пак водат до празни страници
    • Стрелките лево и десно за навигирање на слајдерот
    • Копчињата „ФИЗИЧКИ ЛИЦА“ и „ПРАВНИ ЛИЦА“ кои се наоѓаат во долниот дел на веб сајтот (футерот)
  • Лоша комбинација на копчиња и позадинска боја, т.е. бели копчиња на светла (и бела) позадина

Анализата е направена на 03.02.2021