ПЕНЗИЈА

Во пензија мора на 64 години - немате веќе можност за избор

Измените и дополнувањата на законите со кои се регулира задолжително одење во пензија со наполнети 64 години и стаж од 15 години ќе се донесат најверојатно по празниците, а ќе стапат на сила осум дена по донесувањето.

Извор: google

Измените и дополнувањата на законите со кои се регулира задолжително одење во пензија со наполнети 64 години и стаж од 15 години ќе се донесат најверојатно по празниците, а ќе стапат на сила осум дена по донесувањето.

Сите вработени кои сакаат да го продолжат работниот стаж ќе можат да поднесат барање до крајот на август годинава, но нивниот продолжен стаж ќе важи до 30 јуни 2022 година.

Овие законски измени се дел од договореното меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а се прифатени и од пратеничките групи. Измените на законите кои го регулираат ова прашање го поминаа првиот филтер во Собранието, но се заглавени со амандмани на опозицијата и со блокадата за донесување на Законот за државјанство на Алијанса и Алтернатива.

Пратеници на СДСМ ја поставија на дневен ред иницијативата за измени во Законот за работни односи и со овие измени, сметаа дека во иднина ќе се овозможи намалување на бројот на јавната администрација, ќе останат оние кои се потребни, но ќе има и места за нови вработувања.

Според анализите кои ги направиле предлагачите во координација со Министерството за труд и социјална политика, до крајот на 2020та, возрасната граница за пензионирање со 64 години ја достигнале околу 6.000 лица.

Бонус видео…