Транспарентност на услови

Дали Финтек компаниите се транспарентни спрема корисниците на брзите кеш кредити?

Во услови на Covid-19 кога мерките за претпазливост се во полн ек, секоја финансиска институција треба да обезбеди поголема транспарентноста на податоците за производите и услугите кои ги нуди на својата веб страна.

Извор: google

Во услови на Covid 19 кога мерките за претпазливост се во полн ек, секоја финансиска институција треба да обезбеди поголема транспарентноста на податоците за производите и услугите кои ги нуди на својата веб страна. Ова подразбира јавно објавување на каматите и трошоците на начин на кој клиентите брзо и лесно би се информирале и би го направиле изборот за производот кој ги задоволува нивните барања.

Овој текст се однесува на транспарентноста на податоците кои на своите веб страни ги објавуваат финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Кај поголем дел од нив (Credissimo, Kreddy, Money max, Easy Finance, СН Финансии, M Cash и др.) на веб страната е достапен калкулатор за информативна пресметка, информација за висината на годишната стапка на вкупни трошоци, како и можност за on-line аплицирање.

Но забележано е дека кај некои од финансиските друштва ова не е случај.
Конкретно, веб сајтот на ФД Креди Јес не нуди информација за висината на стапката на вкупни трошоци, ниту пак има калкулатор за информативна пресметка. Единствена опција е да се пополни формата за аплицирање.

Кај FlexCredit, пак најдолу на страната во рамки на репрезентативен пример е наведена стапката на вкупни трошоци, но калкулатотот за информативна пресметка може да се користи само доколку се внесат лични податоци, телефон, e-mail и се избере опцијата аплицирај.

Оттука се поставува прашањето: Како клиентот би бил заинтересиран да аплицира on-line доколку не е запознаен јасно и транспарентно со сите трошоци за производот?
И зошто овие финансиски друштва бараат клиентот да ги остави своите лични податоци за да добие информација за трошоците?

Извор: google

Друга опција за информирање на клиентите е преку посета на експозитура, што секако треба да се сведе на минимум во услови на пандемија.

Стапката на вкупни трошоци кај финансиските друштва, како и кај сите институции кои нудат финансиски услуги треба да биде јавно и транспарентно објавена, како и да има можност за информативна пресметка на веб страната. На овој начин клиентот брзо и едноставно ќе може да го избере производот кој најмногу одговара на неговите потреби, да направи споредба, а потоа да може да аплицира on-line, без потреба од посета на експозитура.

Нашата препорака до Flex Credit и ФД Креди ЈЕС е дека требаат да поработат на транспарентноста во објавените услови и податоци на веб страна кон потрошувачите и идните корисници.

А сите останати финтек компании требаат да бидат транспарентни и видливи со сите услови кои се дел од нивните договори како идните корисници на нивните понуди би ги знаеле сите информации пред аплицирање.