Национални паркови

Со закон - дел од Шар Планина ќе биде прогласен за национален парк

Извор: sharplanina

Владата го утврди текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк. Со прогласувањето на НП Шар Планина ќе се формира едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа со што ќе се приближиме до остварување на државните стратешки определби за зачувување на нашето природно наследство. Тоа ќе придонесе за поефикасна заштита на природата, а ќе се отворат можности за одржлив социо-економски развој на подрачјето и локалните заедници.

Целта е „да се обезбеди заштита на исклучителните природни убавини и вредности на Шар Планина, како и обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес”.

Предлог законот за прогласување на делот од Шар Планина кој припаѓа на Северна Македонија за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, го изготви Министерството за животна средина и просторно планирање.