МОСКВА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ

Русија го протера македонскиот дипломат

Русија за персона нон грата прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва како противмерка, објави руското Министерство за надворешни работи.

Извор: google

Русија за персона нон грата прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва како противмерка, објави руското Министерство за надворешни работи.

– Вршителот на должноста на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена белешка со која вработените во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласени за лица нон грата – се вели во соопштението на Министерството.

Оваа мерка е одговор на неодамнешната одлука без најава и причина на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.