ВИСОКОГРАДБА, НИСКОГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

Речиси 40% повеќе издадени одобренија за градење во февруари 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2021 година се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Извор: google

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2021 година се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 586 656 илјади денари, што е за 50.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 205 (59.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (9.0 %) за објекти од нискоградба и 110 (31.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 346 објекти, на 214 (61.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (38.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 78 721 м2.

Бонус видео…