ЗАСПАНИОТ КРЕШНИК БЕКТЕШИ

Растот на цените и фамозното „ЌЕ“ на министерот Крешник Бектеши

Некои продавачи ја зголемуваат инфлацијата со вештачко зголемување на цените. Одредените трговски ланци го користат привремениот раст на инфлацијата и неоправдано и вештачки ги зголемуваат цените, а не се свесни дека тоа може да им се врати како бумеранг. Дали државните институции имаат намера ова да го контролираат или само ќе останат неми посматрачи на зголемувањето на цените на штета на потрошувачот, односно народот.

Извор: google

Некои продавачи ја зголемуваат инфлацијата со вештачко зголемување на цените
Одредените трговски ланци го користат привремениот раст на инфлацијата и неоправдано и вештачки ги зголемуваат цените, а не се свесни дека тоа може да им се врати како бумеранг. Дали државните институции имаат намера ова да го контролираат или само ќе останат неми посматрачи на зголемувањето на цените на штета на потрошувачот, односно народот.
Дали Бектеши повторно не уверува дека нема инфлација и повторно го активира неговото омилено „ЌЕ“?

„Не верувам дека нѝ претстои ценовен шок, точно е дека има извесно покачување на цените на одредени производи, но според секојдневните анализи што ги правиме, нема податоци кои би укажале дека нѝ претстои ценовен шок, изјави министерот за економија Крешник Бектеши
„Секојдневно правиме анализи и во моментов немаме податоци дека може да се случи ценовен шок. Како што направивме пред една година ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки согласно Законот за трговија и согласно надлежностите што ги има Министерството за економија ако дојде до тоа“, рече Бектеши..

Тој вели дека во тој момент кога ќе предвидат можен ценовен шок, јавноста ќе биде известена.

Извор: google

Очигледно е дека Бектеши преку неговите изјави ја превзема улогата на известувач, а не на регулатор кој времено реагира на состојбата од пазарот.
Покрај очигледните поскапувања кај поголемиот број на производи во македонските супермаркети самите трговци го користат психолошкиот момент и заради зголемувањето на својот профит несвесно можат да ја забрзаат инфлацијата.

Некои трговци во оваа ситуација не разбираат дека зголемувањето на одредени производи кои немаат повисока набавна цена можат да предизвикаат „бумеранг ефект“ што ќе им се врати преку неоправдано зголемената цена на суровините, како и дека може да останат без купувачи, алармира Невладиното здружение „Алтруист“.
Итно е потребна регулацијата на цената на лебот и многу други основни прехрамбени производи.
Изјавите на Бектеши се секогаш базирани на ЌЕ НАПРАВИМЕ, ЌЕ РЕАГИРАМЕ, а цените растат.

Согласно механизмите што ги имаме како Министерство за економија и Влада, рече тој, мора да се повикаме на Законот за трговија за да се замрзнат цените.
Бектеши вели дека во делот на домашното производство може директно преку субвенции на одредени производи или производители да се влијае во делот на цената.

„Секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените кај производите кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз. Во делот на трговијата на големо и мало можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големите. Тоа веќе сме го направиле и сме речиси единствената држава во време на пандемија која ги донесе овие мерки како справување со зголемувањето на цените“, изјави министерот за економија.