Извор: google
Влатко Ѓорчев реши да работи во реалниот сектор, отворајќи сопствена фирма. Преку објава на социјалните мрежи, тој кажа дека неговата фирма ќе биде во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Да се надеваме дека неговите фактури за маркетинг услугите нема да ги плаќа македонскиот народ.
Тој во неговата објава на Facebook напиша:
„Здраво на сите. Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки. Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев на социјалната мрежа.
Моментално Влатко Ѓорчев веќе неколку месеци е во Америка со фамилијата, а во земјава беше присутен само за изборниот циклус. Ѓорчев е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и од неговата матична партија не очекуваат негово целосно повлекување.
Инаку Влатко Ѓорчев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година, следната година станува член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и за член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2004 година е именуван за член на Извршниот комитет на партијата. Првпат за пратеник во Собранието е избран на изборите во 2006 година, а последен мандат му беше од 2016 до 2020.