COVID-19

Потрошувачката на кислород во болниците во април се очекува да се зголеми за 50%

Ако изминативе зимски месеци имавме прилично високи, но стабилни бројки на хоспитализирани, последниве две седмици, бројката на лица примени во болница вртоглавно порасна. За болнички кревет се моли Бога да се добие, а снабдување со течен кислород стана приоритетна задача на клиничките центри, болници и установи ширум земјава. Најголема застапеност во дистрибуцијата на кислород ја има компанијата “ТГС Технички гасови Скопје”.

Извор: google

Oд 100 тони потрошувачка на кислород пред пандемијата до 200 тони потрошувачка овој јануари и февруари, за количината во март да се искачи на 300 тони, а во април веќе има тенденција за уште поголем раст и до 50% повеќе.

Во клиничкиот центар “Мајка Тереза”, но и во „8-ми септември“, потрошувачката е најголема, а боци на течен кислород наголемо се испорачуваат и во Тетово, Прилеп, Куманово. Куманово во моментов троши и по 120 боци кислород, а една боца тежи 70 килограми.

И во битолската болница не е ништо подобро. Еднормно се зголемени дневните количини на кислород, па така во последните денови се трошат и по 1,5 тони кислород. Пред најголемиов ек, болницата трошела од 600 литри до еден тон дневно, а сега скоро тројно повеќе поради огромниот број на хоспитализирани лица.

За боци со медицински кислород, како и опрема за кислород и нејзино сервисирање, но и за кислороден концетрат, медицинските установи потрошиле милион евра минатата година, од кои половина милион евра се само за една набавка, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.

Најголемиот тендер за оваа намена кој го распишал ЈЗУ Универзитетски клиники и ургентен центар, а го добил ТГС Технички Гасови – Скопје е во вредност од 577 илјади евра за медицински гасови – кислород и азот (се однесува на ланскиот период).

Бонус видео…