Пошта

Oд денес повторно ќе може да плаќаме сметки преку шалтерите на Пошта

Системот од страна на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта.

Извор: архива

Граѓаните од денеска повторно ќе можат да плаќаат во готово преку шалтерите на Пошта. Системот од страна на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта. Халкбанк АД Скопје, беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, откако претходно беше во прекин поради пропаѓање на Еуростандард банка.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во подружниците Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта. Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со провизии, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Како што беше објавено на потпишувањето на договорот, од остварениот заеднички приход 71 отсто ќе биде за државната пошта, а 29 отсто за Халк Банка. Пошта“ остана без платен промет во август година по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ со која имаше склучено договор. Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писма.

Бонус видео…