Извор: google
Политичкиот концепти на социјалдемократијата се темели на социјална еднаквост на граѓаните, а државата предводена од социјалдемократи својата регулаторна улога во економијата и во општеството мора да ја насочи кон работниците и нивните права. Во услови на кризи и мерки на рестрикции кои ги ограничуваат слободите и приходите на работниците, СДСМ мора да се врати на патот на градење на цврсти однос со работничката класа во сите сектори. Синдикалните организации се обединувачка сила на сите работници независно на кои дејности ги застапуваат и независно на која општествена, етничка, и верска заедница припаѓаат работниците.
Политичкиот концепти на социјалдемократијата се темели на социјална еднаквост на граѓаните, а државата предводена од социјалдемократи својата регулаторна улога во економијата и во општеството мора да ја насочи кон работниците и нивните права.
Во услови на кризи и мерки на рестрикции кои ги ограничуваат слободите и приходите на работниците, СДСМ мора да се врати на патот на градење на цврсти однос со работничката класа во сите сектори.
Намалувањето на последиците од живот и работа на граѓаните во време на здравствена, енергетска и финансиска криза се врвни социјалдемократски приоритети.
Трудот мора да биде вреднуван и платен според тежината, зошто само така можат да се намалат разликите помеѓу работниците и да се врати социјалната еднаквост.
Со вложување во работничките права вложуваме во достоинствена старост и на пензионерите и трудовите инвалиди.
Социјалдемократите час поскоро треба да го врати законското решение за прогресивен данок како политика за долгорочно обезбедување на социјална правда и еднаквост помеѓу граѓаните.
Синдикалните движења и организации се изворни движења за социјална правда, заштита на работничките права и вредности и треба да се поддржат во сите напори да придонесат кон тоа.
Државата предводена од социјалдемократи мора да промовира култура и практика на заштита на правата на работниците преку сите форми за државен надзор и контрола.
Синдикалните организации се обединувачка сила на сите работници независно на кои дејности ги застапуваат и независно на која општествена, етничка, и верска заедница припаѓаат работниците.
Ова се моите заложби за враќање на СДСМ кон вистинските социјалдемократски корени.
Извор: google