ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

Колку треба да платите за да го пополните новиот „Panini“ албум за ЕП во фудбал?

Пласманот на македонската фудбалска репрезентација донесе голем интерес за новиот албум со сликички за ЕП 2020, кој годинава Македонците ќе имаат посебен мотив да го наполнат затоа што во него се и нашите репрезентативци.

Извор: архива

Албумот се продава по цена од 80 денари со гратис шест сликички, а цената за едно пакетче со пет сликички внатре е 40 денари.

Има 668 сликички и ако одиме по некоја идеална математика за цените кај нас, тоа би значело дека ако сакате сами да го пополните албумот, без менување, ќе треба да купите 4.731 сликичка или 946 пакетчиња по цена од 40 денари – тоа се 37.840 денари.

Доколку се менувате со уште десет други пријатели тоа ќе ве чини 12.238 денари.

Првенството што ќе се игра во 12 држави почнува на 11 јуни, а Македонија игра два дена подоцна со мечот против Австрија. Во групата Ц уште се Романија и Холандија.

Бонус видео…