АВИО ПАТУВАЊА

Голем број авиолинии на „Wizz Air“ се враќаат со летниот ред на летање

Поголем дел од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје, се враќаат со летниот ред на летање. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Wizz Air, како и на рутата Скопје-Варшава на полски LOT.

Извор: google

Најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании – Turkish Airlines, Pegasus Airlines, Corendon Airlines, Freebird Airlines и SunExpress.

Ваквите најави се очекува да го зголемат бројот на патници, којшто, како и во минатата година по стартот на пандемијата, така и во првите два месеца од годинава бележи пад од 70 проценти.

Бројот на дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во зимскиот распоред на летање беше 22, а сега авиокомпаниите најавија вкупно 41 редовна дестинација. Авиолинијата Скопје-Атина веќе е вратена на редовниот распоред на летови, од февруари годинава.

Од ТАВ Македонија, поради крајно неизвесното деловно опкружување во авиоиндустријата поради пандемијата, сепак очекува можни промени во фреквенциите на летовите на најавените дестинации, како и можни откажувања на некои од најавените дестинации од скопскиот аеродром, исто како што се случуваше и минатата година.