Убави иницијативи

Артан Груби сака да тргнеме напред, а тоа најдобро се прави преку подобрување на фискалната еднаквост

Артан Груби, првиот вицепремиер на Македонија, во дебатниот магазин „Клик Плус“ изјави дека во иднина се планира функционери од македонска етничка припадност да присуствуваат на настани во чест на ОВК, додека за неговото присуство на 40-годишнината од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вели дека се одзвал на поканата.

Извор: twitter

Артан Груби, првиот вицепремиер на Македонија, во дебатниот магазин „Клик Плус“ изјави дека во иднина се планира функционери од македонска етничка припадност да присуствуваат на настани во чест на ОВК, додека за неговото присуство на 40-годишнината од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вели дека се одзвал на поканата.

Министерот за политички систем додаде дека тоа е добар знак за напредок и време е за меѓусебно помирување:
„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, изјави Груби.

Доколу навистина мисли така „дека е време за напредок и меѓусебно помирување“ најдобро е прво да ги среди фискалните политики кај сите трговци од другата страна на Вардар и Западниот дел на Македонија и на тој начин ќе покаже убав пример и сериозност во неговите изјави. Бидејќи сите ние живееме во иста држава и би требале сите да придонесуваме на ист начин.

Извор: архива

Се надеваме дека Артан Груби, првиот вицепремиер на Македонија нема да се огради од ваквиот предлог за средување на фискалните политики во земјава, земајќи го фактот дека во Соединетите Американски Држави и Европа сите плаќаат данок без разлика на нивната боја, вера или етничка пропадност.

Доколку не му е јасна исправната фискална политика во една држава тогаш тоа најдобро ќе може да му го објаснат во Американската Амбасада во Скопје, и веднаш потоа би можел преку одредени проекти да ги поддучи своите гласачи и сонародници од иста етничка припадност дека не треба веќе да издаваат парагон блокови туку фискални сметки.