РАДИО СТАНИЦИ

Antenna 5 и Kanal 77 се најслушани во радискиот етер

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со годишен извештај за досегот на радиостаниците во 2020 година. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и националност и е изработен врз основа на официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Извор: google

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со годишен извештај за досегот на радиостаниците во 2020 година. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и националност и е изработен врз основа на официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Анкетирањето се вршело со примена на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер на 9610 испитаници.

Согласно резултатите од анкетата, најголем дел од Македонците вклучуваат радио во периодот од 11 до 12 часот претпладне и околу пладне.

Радио најчесто граѓаните слушаат додека се возат во своите автомобили (43,3%), дома (скоро 32%) и на работа (скоро 18%). Најмалку се заинтересирани да слушаат радиска програма кога се на гости кај пријатели или родини.

На прашањето, кои радиостаници ги слушале најмалку една минута во изминатата седмица, испитаниците одговориле во најголем процент алудирајќи на Антена 5 радио и Канал 77 од националните радиски концесионери.

Oд скопските радија, најмногу се слушаат Сити, Фортуна и Бубамара, а Роса, Арачина и Студент ФМ се најмалку омилени кај слушателите.

Во продолжение, и приказ на демографската структура на слушателите.

Бонус видео…