Хуманост и солидарност

Дали Државна лотарија на Македонија АД ја зголемува продажбата во име на хуманоста и солидарноста?

Нека им објасни некој на Државна лотарија на Македонија АД дека хуманоста и солидарноста се доброволен подарок од остварениот профит, при што никако не смеат да се злоупотребат во макретинг кампањите за исполнување на нивните зададени таргети, така што јавноста, особено младите преку употреба на овие термини, добиваат искривена слика за тоа како хуманоста и солидарноста, кон болните и послабите, вистински треба да изгледаат.

Извор: google

„Подарете среќа и бидете хумани“ е слоганот на последната кампања на Државна лотарија на Македонија АД, но дали зад тој слоган се крие само хуманоста или се задскриваат вистинските намери за масовна продажба?

Невладиното здружение Алтруист – Скопје реагира на оваа кампања, прашувајќи – Дали е етички да се продаваат вакви производи, игри на среќа преку потенцирање на пандемијата и стимулација на човековиот ум да гребе хумани грепки против Ковид-19 за помош на ранливите категории?

Пандемско профитерство или вистинска грижа за заедницата од страна на Државна лотарија на Македонија АД?

Извор: loto.mk

Зошто се поттикнуваат фирмите и граѓаните на „хумани“ игри на среќа?
Треба ли на ваков начин да се привлекуваат најмладите купувачи?

Какви маркетинг слогани и кампањи во иднина треба да очекуваме од Државна лотарија на Македонија АД? Можеби туристичка посета на казино во име на хуманоста со „солидарен“ пакет за средношколците, бонус обука за ракување со слот машина?

2
3
1
4

Државна лотарија на Македонија АД можеби има домаќински менаџмент согласно податоците за одржливост и профитабилност на компанијата, но преку вакви квази кампањи, тие суптилно ги таргетираат младите, при што ги злоупотребуваат и искривуваат значењата на термините ХУМАНОСТ и СОЛИДАРНОСТ.

Црвен крст на Република Македонија да внимава на кого му го дава логото на користење и за какви намери се употребува!
Вистинските филантропи помошта не ја користат за лична промоција ниту пак како реклама за зголемување на продажбата.