БАНКАРСКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО (ДЕЛ ПРВИ)

Дали Стопанска Банка АД Скопје има вработено син на судиката Виолета Поповска од Апелационен суд Скопје?

Грчката тактика на вработување поранешни вицегувернери, сопруги на министри, деца на судии, роднини на функционери, тетки, стрини, ќерки и други роднини подизвикува судир на интерес на многу полиња, а кога банката има судски процес во судовите тогаш вродува со плод кога ќе се прочита пресудата.

Извор: google

Грчката тактика на вработување поранешни вицегувернери, сопруги на министри, деца на судии, роднини на функционери, тетки, стрини, ќерки и други роднини подизвикува судир на интерес на многу полиња, а кога банката има судски процес во судовите тогаш вродува со плод кога ќе се прочита пресудата.

АКЦИОНЕРИТЕ ПРОТИВ СТОПАНСКА БАНКА – ПРВ ДЕЛ

Апелациониот Суд Скопје во совет составен од судиите Гордана Ѓорчева (претседател), Радица Васиљевска и Аритон Ала во предметот ГЖ-2362/20 на 02.07.2021 донесоа Пресуда со која ја одбија жалбата на тужителот, односно ја потврдија првостепената пресуда. Во предметот се бараше поништување на одлуките донесени на Собрание на акционери во мај 2019 година, кои се однесуваа на Статутот, затоа што тие не содржеа измена која ги вклучува правата на приоритетните акции.

На Банката, најпрво акционерите и укажаа за неусогласеноста на Статутот со ЗТД. Подоцна и Комисијата за хартии од вредност констатира отсуство на поблиску прецизирање на правата на приоритетните акции и дека постои правна дискрепанца на правата кои ги остваруваат овие акции со важечките законски прописи, укажувајќи и на Банката да изврши навремена промена на Статутот.

Банката сето тоа го игнорираше, свесно предизвикувајќи штета на акционерите. Штетата се состои во тоа што Статутот не ги содржи правата (во нив се и оние кои се однесуваат на дивиденда) од овие акции утврдени во одлуките за издавање на емисии, па оттаму произлегува дека Банката нема никаква обврска. Правата кои се однесуваат на дивиденда се две: право на гарантирана фиксна дивиденда и право на учество во добивката (кога со одлука за распределба на добивката, од добивката се издвојува дел за дивиденда).

Банката, иако исплаќа гарантирана дивиденда (што некој ќе заклучи дека исполнува обврска), таа не е во согласност со член 278 став 2 од ЗТД во кој стои дека правото на дивиденда е “во однапред утврден паричен износ или во процент од номиналниот износ на акцијата”. Банката кога пак исплаќала дивиденда од добивката, таа во целост им се исплаќала само на обичните акции, притоа игнорирајќи го правото на приоритетните акции за учество во добивката.

Двата суда (основен и апелација) воопшто не ценеа тоа што Банката за време на судскиот процес предложи измена на Статут која се однесува на правата на приоритетните акции, со што таа отворено призна дека нејзиниот Статут не е во согласност со законите. Доколку тоа го ценеа и одлучеа во корист на акционерите, тогаш во многу непријатна ситуација би ја довеле и Народната Банка, бидејќи таа од самиот почеток на спорот се прогласи за ненадлежна. И покрај законската надлежност на гувернерот за одобрување на измени во Статутот на банка, и покрај тоа што од страна на акционерите НБ беше запознаена, гувернерот продолжи да ги одобрува измените на Статутот на банката, иако тој не е во согласнот со ЗТД.

Така, судот со еден удар, ги куртули од одговорност и Стопанска Банка Скопје и Народната Банка, и се тоа на грбот на над 3600 акционери.
Предметот акционерите го изгубија. Но, Статутот и понатаму останува неусогласен со ЗТД. Кој треба да биде виновен за ваквата апсурдна ситуација?

ПРОДОЛЖУВА…